×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




Длабоко во ноќта

Длабоко во ноќта

Рајли Сејгер


Издавач: Антолог-Боокс ДООЕЛ
Повез: Мек повез
Јазик: Македонски
Број на страници: 381
Година на издавање: 2025
Автор: Рајли Сејгер
ISBN: 9786082437736
Жанр: Трилери
Провери достапност во продавниците
Достапност во продавниците
Книжарница ТРИ ГТЦ Достапно
550 ден.

Најлошото што некогаш се случило во населбата Хемлок Сиркл се случило во задниот двор на Итан Марш.

Една јулска ноќ, дестегодишниот Итан и неговиот најдобар другар Били заспиваат во шаторот на уредниот тревник од семејната куќа на Маршови во една тивка, живописна населба во Њу Џерси. Следното утро Итан се буди сам. Во текот на ноќта некој со нож го расекол шаторското крило и го грабнал Били – кој потоа никогаш не е пронајден.

Триесет години подоцна, Итан неволно се враќа во својот дом од детството. Измачуван од кошмари, почнува да забележува чудни нешта што се случуваат во соседството длабоко во ноќта. Како некој да талка низ уличката, а во задниот двор почнуваат да се јавуваат знаци на присуството на Били. Му прави ли некој несовесни шеги? Или, пак, тој навистина се вратил во Хемлок Сиркл? Таинствените појави го наведуваат Итан да почне да истражува што всушност се случило, потрага која повторно го спојува со дамнешните другари и соседи и потрага која го води во шумата околу населбата. Колку повеќе Итан се доближува до вистината, толку повеќе сфаќа дека ниедно место, ниту во тивката шума, ниту на мирната улица, не е сосема безбедно – и дека минатото има свои начини на кои секогаш ќе ја прогонува сегашноста.

 

Рајли Сејгер

Рајли Сејгер

Рајли Сејгер е псевдоним на поранешен американски новинар, уредник и графички дизајнер, кој е роден во Пенсилванија, а денес живее и работи во Принстон, Њу Џерси. Неговите два први романи се наградувани интернационални бестселери, преведени на 25 јазици, а добиле и своја филмска адаптација. „Заклучи ги сите врати“ е последното остварување на Сајгер, кое стана бестселер на „Њујорк тајмс“, „Паблишер викли“ и „Ју-ес-еј тудеј“ и доби неколку награди за најчитан и најбаран трилер на летото 2019.

Види повеќе