×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




Градина од стакло

Градина од стакло

Татјана Цибуљак


Издавач: Арс ламина
Повез: Мек повез
Јазик: Македонски
Број на страници: 183
Година на издавање: 2022
Автор: Татјана Цибуљак
ISBN: 9786082677316
Жанр: Романи
Провери достапност во продавниците
Достапност во продавниците
Книжарница ТРИ ГТЦ Достапно
360 ден.

Градина од стакло е восхитувачки раскажана приказна, стилско ремек-дело. Роман за животот на „малите“ луѓе во заднината на големите историско-политички промени со распадот на СССР, за идентитетот, за различноста, за борбата на цела една женска генерација да пронајде свое пристојно место во суровиот свет.

Татјана Цибуљак

Татјана Цибуљак

Татјана Цибуљак е родена во 1978 година, во Кишинев, Република Молдавија, a по националност е Молдавка и Романка. Завршила Факултет за новинарство и комуникации при Државниот молдавски универзитет. Првпат го привлекува вниманието на јавноста во 1995 година, како авторка на колумната „Вистински приказни“ во дневниот весник „Флукс“. Во 1999 година почнува да работи во телевизиската куќа ПРО ТВ Кишинев како репортер, уредник и ТВ-водител, а исто така работи и за УНИЦЕФ во Молдавија. Од 2008 година живее во Париз.
Дебитира во 2014 година, со збирката раскази „Модерни бајки“ издадена во издавачката куќа „Урма Та“ во Кишинев. Во 2017 година го објавува првиот роман „Летото кога мама имаше зелени очи“, за кој добива повеќе награди: наградата на Сојузот на писатели на Молдавија, наградата на културно-литературното списание „Опсерватор“ во Букурешт и наградата „Опсерватор лицеум“ на фестивалот ФЛИТ во Јаш, Романија. Романот е преведен на француски и на шпански јазик. „Градината од стакло“ е нејзин втор роман, за кој ја добива наградата на Европската Унија за литература во 2019 година.

Види повеќе