×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




За тебе додека се бараш себе

За тебе додека се бараш себе

Ана Бучевиќ


Издавач: Антолог-Боокс ДООЕЛ
Повез: Мек повез
Јазик: Македонски
Број на страници: 304
Година на издавање: 2025
ISBN: 9786082438344
Жанр: Популарна психологија
Провери достапност во продавниците
Достапност во продавниците
Книжарница ТРИ ГТЦ Достапно
900 ден.

Некои денови главата ти е полна, а срцето тивко. Некои денови не ти е ниту до мисли ниту до чувства. А некои денови само сакаш да знаеш дека си доволно добар/а, иако ништо не ти оди од рака.

Доколку веќе посегна по оваа книга, нешто во тебе знае дека постои повеќе. Повеќе од збунетост, тишина, чувство дека не припаѓаш никаде, притисок однадвор и прашања однатре. Не случајно си дошол/а до неа.

Во неа ќе најдеш зборови што те закрилуваат, реченици што молчат со тебе, сила што ти треба и вистини што можеби никој досега не ти ги кажал. За тоа како се вели НЕ. За грешките. За популарноста. За социјалните мрежи. За стравовите. За чувствата. За родителите. За пријателите. За љубовта. За тебе. За она што навистина го чувствуваш, а не за она што го гледаат другите.

Бидејќи не си сам/а. И не си чуден/а. И твојата збунетост не е проблем, туку знак дека бараш нешто подлабоко.А оваа книга е тука… токму за тој период. Оваа книга не е само за да ја прочиташ. Таа е тука за да те придружува на твојот пат.И за да сфатиш кој/а си додека патуваш кон себе. Оваа книга не е тука да ти соли памет. Таа е тука да те потсети кој/а си ти.

Ана Бучевиќ

Ана Бучевиќ

Види повеќе

Можеби ќе ве интересира