| Достапност во продавниците | |
|---|---|
| Книжарница ТРИ ГТЦ | Достапно |
| Книжарница ТРИ Дебар Маало | Достапно |
| Книжарница ТРИ Веро Центар | Достапно |
„Со една четка два зајака“ е поетска книга целосно оформена во духот на нашето време: таа претставува успешно поетско понирање во светот и во животот на животните претставени на еден игрив и необичен начин. Биоетичкиот и екопоетичкиот строеж на песните не носи во себеси само една филозофска или етичка насоченост, односно една едукативна или културолошка функција туку, пред сè, песните од оваа книга претставуваат успешни поетски творби исполнети со длабоко доживеани чувства за единството на природата и животинскиот свет со светот на човекот, односно со светот на поетот. - Иван Џепароски; Владимир Мартиновски е поет со едната нога во македонската книжевна традиција, а со другата во глобалните книжевни процеси: неговата поезија е сериозен уметнички и поетички експеримент, со висока самосвест. - Венко Андоновски
Владимир Мартиновски (Скопје, 1974) e поет, раскажувач, есеист, теоретичар, книжевен преведувач. Работи како редовен професор по предметот Компаративни поетики на Катедрата за општа и компаративна книжевност при Филолошкиот факултет „Блаже Конески“, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Докторирал на Универзитетот Париз III – Нова Сорбона. Автор е на книжевно-теориските студии: „Од слика до песна – интерференции меѓу современата македонска поезија и ликовните уметности“ (2003), „Споредбени триптиси“ (2007), „Слики за читање – аспекти на екфразиската поезија“ (2009), „Споредбени диптиси“ (2011), „Зоон поетикон – аспекти на современата македонска поезија“ (2013), „Narro ergo sum“ (2015), „Поетски (ре)визии“ (2018) и„Далеку, а блиску – македонско-јапонски книжевни врски“ (2020). Автор е на книгите поезија: „Морска месечина“ (хаику и танка, 2003), „Скриени песни“ (хаику, 2005), „И вода и земја и оган и воздух“ (хаику, 2006), „Квартети за читање, гледање, пеење и слушање“ (2010), „Побрзај и почекај / Harry up and Wait“ (песни во проза, 2011), „Пред и по танцот“ (2012), „Вистинска вода“ (2014), „Внатрешни планини“ (2016) и „Сонувани и будни песни / Dream and Awake Poems“ (2017) и “101 сонет од една чудна пролет“ (2020). Објавил три книги хаибуни: „Ехо од бранови“ (2009), „Мачка во магла“ (2016) и „Небо без ѕвезди“ (2016). Автор е и на книгата раскази „Зооатории“ (2019), како и на две стихозбирки за деца: „Dum spiro spero / Дур дишам се надевам“ (2019) и „Шах со Бах“ (2020). Неговата поезија е објавена на дваесетина јазици. Добитник е на неколку книжевни награди: „Нова Македонија“ (2009), „Браќа Миладиновци“ на СВП (2010), „Димитар Митрев“ (2013), „Витез на македонскиот пишан збор“ (2014), „Антеов златник“ (2020), „Лирата на Орфеј“ (2020). Бил член на редакцијата на македонското специјализирано списание за хаику „Мравка“. Според неговата хаику-поезија компонирал музика Михајло Трандафиловски.
Види повеќеВеб страницата користи колачиња за да ви овозможиме најдобро можно корисничко искуство. Со продолжување на користењето на нашата интернет страница ја прифаќате употребата на колачиња (cookies).
Се согласувам