| Достапност во продавниците | |
|---|---|
| Книжарница ТРИ ГТЦ | Достапно |
| Книжарница ТРИ Дебар Маало | Достапно |
Последните четири години, младата дама Мери Морстон добива многу невообичаен подарок: „многу голем и сјаен бисер“. Пред десет години, пак, нејзиниот татко мистериозно исчезнува и никогаш не е пронајден. Сега, по толку изминати години, таа добива покана да го сретне својот непознат доброчинител. Како треба да постапи? Само Шерлок Холмс има одговор на ова прашање. Тој и д-р Вотсон ќе ја придржуваат младата госпоѓица на закажаната средба. Романот „Знакот на четворката“, објавен во 1890 година, е вториот роман за лондонскиот детектив-аматер и неговиот помошник. Тука, познатиот двоец се соочува со една од најинтересните мистерии во нивните кариери: украдено индиско богатство, нераскинлива заклетва, едноног криминалец, канибал од тропските острови и демони од минатото, се само дел од оваа типична викторијанска авантура.
Веб страницата користи колачиња за да ви овозможиме најдобро можно корисничко искуство. Со продолжување на користењето на нашата интернет страница ја прифаќате употребата на колачиња (cookies).
Се согласувам