| Достапност во продавниците | |
|---|---|
| Книжарница ТРИ Дебар Маало | Достапно |
| Книжарница ТРИ ГТЦ | Достапно |
Ова постхумно објавено дело на Иво Андриќ е сочинето од голем број записи, согледби, куси повести, описи на личности, како и белешки и огледи за јазикот, книжевноста, уметноста и за многу други феномени што го сочинуваат животот.
Сите овие (псевдо) фрагментарни елементи издадени под симболичниот наслов Андриќ ги собира и ги обработува во текот на целиот живот, така што тие претставуваат своевиден патопис-животопис, еден вид духовен дневник со сопствено поимање на просторот и времето, пред сè во поглед на внатрешната организација на делото. Додека, пак, онаа праволиниската, световна хронологија, почнува со дваесеттите години на минатиот век, а завршува со неговото упокојување во 1975 година.
„Крајпатни знаци“ недвојбено може да се поима како биографска енциклопедија на/за Иво Андриќ, која благодарение на неговиот извонредно едноставен и лесно восприемлив стил, на читателот понепосредно му ја открива суштината и на неговите лични погледи и на неговото книжевно творештво.
Веб страницата користи колачиња за да ви овозможиме најдобро можно корисничко искуство. Со продолжување на користењето на нашата интернет страница ја прифаќате употребата на колачиња (cookies).
Се согласувам