×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




Сеќавања

Сеќавања

Меша Селимовиќ


Издавач: Антолог-Боокс ДООЕЛ
Повез: Мек повез
Јазик: Македонски
Број на страници: 224
Година на издавање: 2026
ISBN: 9786082437286
Жанр: Биографии и мемоари
Провери достапност во продавниците
Достапност во продавниците
Книжарница ТРИ ГТЦ Достапно
Книжарница ТРИ Дебар Маало Достапно
400 ден.

Книгата „Сеќавања“ е мемоарска проза на Меша Селимовиќ, објавена 1976 година, како форма на дневнички записи. „Сеќавањата“ претставуваат вовед во делото на писателот, врска помеѓу есеистичките искази и белетристичките слики. Селимовиќ настојувал, покрај романите и раскажувачкиот опус, да создаде и книга есеи, разговори и прикази што би стоеле рамноправно до нив. „Сеќавања“ се разликува од сите негови други дела. Тоа се интимни исповеди на писателот за својот живот од најраното детство до староста и запис за неговата уметност, пред сè искрен и храбар на двете нивоа. Во уметнички поглед, како и во метатекстуалното искажување за уметноста, „Сеќавања“ влегува во кругот на романескната проза на Селимовиќ, па со неа прави органско единство, и тоа најмногу со „Дервишот и смртта“.

Меша Селимовиќ на страниците на оваа книга ги запишал сите подробности што го обележале неговиот живот, а кои останале врежани длабоко во него како неизбришливи траги на едно детство, на родниот крај, на воените години, на книжевното творештво и на големите пријателства. Иако за минатите години раскажува од одредена дистанца, тој успева живописно да ги долови како да се случуваат во некое вечно сегашно време.

Меша Селимовиќ

Меша Селимовиќ

Види повеќе