| Достапност во продавниците |
|---|
Заштедувате 51 ден.
Книгите нарачани во претпродажба ќе бидат доставени или достапни за подигнување по 3 јуни.
Ако мојата приказна нешто покажува, тоа е дека патот не мора да биде однапред јасен. Но мора да бидеш подготвен да тргнеш – да ги препознаваш можностите и храбро да ги прифаќаш предизвиците.
Нина Ангеловска Станков е едно од најпрепознатливите имиња на македонската бизнис-сцена, коосновач на еден од најуспешните стартапи Групер, пионер во македонската е-трговија, меѓународнo признат бизнис-лидер, доктор на науки и прва жена министер за финансии во Македонија. За својот успех и влијание има добиено бројни признанија, меѓу кои и 30 под 30 на Форбс... Многумина ги знаат овие факти, но ретко кој ја знае нејзината приказна.
Од градење бизнис од нула до носење одлуки на највисоко ниво во државата, оваа книга открива што стои зад успехот – притисокот, преземените ризици и лекциите што не се гледаат однадвор. Ништо случајно е искрено и лично сведоштво за патување низ бизнис-светот, политиката, лидерството, мајчинството и личните пресврти што го обликувале нејзиниот живот. Доказ за тоа дека не треба да се чека совршениот момент, туку да се создаде.
Записи за пречките, но и за пасијата, за деноноќната работа и за начинот на кој нè обликуваат родителите и средината, за храброста да се следи патот што не е секогаш однапред јасен. И не е најважно каде ќе стигнеме, туку какви ќе станеме следејќи го.
Зашто за успешните приказни што оставаат трага – ништо не е случајно.
Нина Ангеловска Станков (1988, Скопје) е доктор на науки по менаџмент, претприемачка, бизнис-лидерка и поранешна министерка за финансии – првата жена што ја извршувала оваа функција во Македонија.
Таа е коосновач на Grouper.mk, првата платформа за групни попусти и една од водечките компании за е-трговија во земјата, основана во 2011 година, која одигра значајна улога во развојот на дигиталната трговија на македонскиот пазар. По речиси една деценија раст и развој на компанијата, реализираше успешен егзит преку нејзината продажба на групацијата Asseco SEE (Payten).
Во 2017 година ја основа Асоцијацијата за е-трговија на РС Македонија, со цел да се поттикне развојот на е-трговијата и соработката во секторот. Подоцна ја основа и Алијансата за родова еднаквост на работното место (GEA), преку која активно се залага за поголема застапеност и еднакви можности на жените во бизнисот.
Нејзината работа е препознаена и на меѓународно ниво – во 2018 година беше избрана на листата 30 под 30 на Форбс (Forbes 30 Under 30), во 2019 година беше именувана за една од седумте глобални амбасадорки на Е-трговија за жени на Конференцијата за трговија и развој на Обединетите нации (УНКТАД), а во 2023 година Блумеринг Адрија ја вклучи во листата Топ 50 (Top 50 People).
Нина Ангеловска Станков е говорник на теми поврзани со претприемништво, дигитална економија, е-трговија и лидерство.
Ова е нејзина прва книга. Во неа ја раскажува приказната за патот кој ја научи дека многу нешта во животот зависат од перспективата – и дека пречките понекогаш се само можности што чекаат да бидат препознаени.
Види повеќеВеб страницата користи колачиња за да ви овозможиме најдобро можно корисничко искуство. Со продолжување на користењето на нашата интернет страница ја прифаќате употребата на колачиња (cookies).
Се согласувам