×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




Дома пред да се стемни

Дома пред да се стемни

Рајли Сејгер


Издавач: Антолог-Боокс ДООЕЛ
Автор: Рајли Сејгер
ISBN: 9786082435077
Жанр: Трилери
Провери достапност во продавниците
Достапност во продавниците
Книжарница ТРИ Дебар Маало Достапно
Книжарница ТРИ Веро Центар Достапно
450 ден.

Меги Холт е познато име за жителите на Вермонт – нејзиниот татко го прославил целото семејство со книгата за куќата „Бејнбери хол“ од која сите побегнале среде глува доба. Неговата хорор-приказна за натприродни и злокобни присуства станала светски феномен на популарност, но и на скептицизам.

Меги сега е возрасна и ја наследува „Бејнбери хол“. По смртта на татко ѝ, одлучува да ја открие тајната. За неа духови не постојат и таа е решена по секоја цена да се соочи со она што мисли дека го заборавила пред дваесет и пет години. Но локалните жители не се баш воодушевени од нејзиното враќање зашто мемоарите на татко ѝ го направиле гратчето неславно.

Кога Меги почнува да доживува необични нешта исти како оние во книгата, вистината што ќе ја открие е многу поинаква од она што го очекувала. Мрачната историја на куќата ќе го доведе во прашање сето она во што таа верува.

Рајли Сејгер

Рајли Сејгер

Рајли Сејгер е псевдоним на поранешен американски новинар, уредник и графички дизајнер, кој е роден во Пенсилванија, а денес живее и работи во Принстон, Њу Џерси. Неговите два први романи се наградувани интернационални бестселери, преведени на 25 јазици, а добиле и своја филмска адаптација. „Заклучи ги сите врати“ е последното остварување на Сајгер, кое стана бестселер на „Њујорк тајмс“, „Паблишер викли“ и „Ју-ес-еј тудеј“ и доби неколку награди за најчитан и најбаран трилер на летото 2019.

Види повеќе