×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




Белата гарда

Белата гарда

Михаил Булгаков


Издавач: Бегемот
Повез: Мек повез
Јазик: Македонски
Број на страници: 372
Автор: Михаил Булгаков
ISBN: 9786084718505
Жанр: Романи
Провери достапност во продавниците
Достапност во продавниците
Книжарница ТРИ ГТЦ Достапно
300 ден.

„Белата гарда“ е роман за снежниот Киев зафатен од домашната војна. Тоа е роман за машкото пријателство и братската љубов; исто така за радоста, еуфорична и погубна, што им се случува на младите луѓе во предвечерието на битката, додека никој сѐ уште не загинал и никој не се свил во клопче за време на преслушувањето. Најпосле, романот е ода во чест на Градот – градот на кој авторот му изразува толкава чест што неговиот назив ниту еднаш не го споменува во своето дело. Белата гарда е делото сокриено некаде по патот на светската литература на кое наидуваат новите поколенија читатели восхитени од Мајсторот и Маргарита. А, сепак, Белата гарда е голем роман – најтипичен за Булгаков, а сигурно највкоренет во неговиот живот. Мајсторот и Маграрита е роман создаден од неговата визија, верата и стравот: Белата гарда е исткаен целосно од неговите спомени.

Михаил Булгаков

Михаил Булгаков

За рускиот писател Михаил Афанасевич Булгаков не се зборуваше многу, сѐ до појавата на неговиот роман Мајсторот и Маргарита, во 1967 година. Роден во 1891, умрен во 1940 година, Булгаков во Русија беше познат пред сѐ како автор на неколку драмски текстови. Требаше да поминат дваесет и седум години од неговата смрт па – со издавањето на романот Мајсторот и Маргарита, најден во неговата оставина – да се дознае каков голем писател изгубила руската литература. Булгаков почнува со раскази: првиот расказ тој ќе го објави во 1919. Тогаш тој е веќе млад лекар – по завршувањето на Медицински факултет во Киев тој, 1916 година, ќе замине во провинција каде што во мали, зафрлени места ќе ја врши лекарската практика. Преживелиците од тој период на неговиот живот ќе бидат тема на циклусот раскази Записи на младиот лекар, објавувани во текот на 1925 и 1926 година. Булгаков ќе биде лекар само три години: во себе тој ќе го чувствува сѐ посилно повикот за предавање на писателската професија. По неколку години минати во мали места, тој доаѓа во 1921 година во Москва. Негова прва книга раскази е Ѓаволијада (1925) која содржи три раскази, од кои едниот носи наслов „Доживувањата на Чичиков“. Оваа позната личност од Гоголевите Мртви души кај Булгаков одново се појавува, но овојпат во една нова средина и во друго време: во Москва, во периодот на НЕП, каде што игра главна улога во низа стопански малверзации. Од тоа време се и неговите повести Кучешко срце и Фатални јајца, каде што негативни футуролошки предвидувања се искажани низ гротескно-фантастични настани. Потоа, делумно објавен истата, 1925 година, се појавува и романот Белата гарда – хроника на распаѓањето на една граѓанска фамилија во време на Граѓанската војна.

Види повеќе