×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




Убиствата во Флит хаус

Убиствата во Флит хаус

Лусинда Рајли


Издавач: Матица
Автор: Лусинда Рајли
ISBN: 9786081009347
Жанр: Романи
Провери достапност во продавниците
Достапност во продавниците
Книжарница ТРИ Дебар Маало Достапно
Книжарница ТРИ Ист Гејт Нема на залиха
Книжарница ТРИ Веро Центар Нема на залиха
Книжарница ТРИ ГТЦ Достапно
600 ден.

Ненадејната смрт на еден ученик во Флит хаус, во Свети Стефан – мало приватно интернатско училиште во срцето на Норфок – е стаписувачки настан, што директорот од се срце се обидува да го нарече трагичен инцидент. Меѓутоа, локалната полиција не може да исклучи насилство, па случајот го забрзува враќањето на познатиот детектив инспектор Џезмин „Џез“ Хантер во редовите на полициските сили. Таа има свои лични причини поради кои ја напуштила кариерата во Лондон, па неволно се согласува да ја води истрагата, правејќи му услуга на својот поранешен шеф.

Одново рамо до рамо со лојалниот наредник Алистер Мајлс, таа влегува зад затворените врати на училиштето. Но, по започнувањето на истрагата поврзана со околностите околу трагичната смрт на Чарли Кевендиш, настаните наскоро добиваат нов, вознемирувачки пресврт. Вработените ги збиваат своите редови, ама исчезнувањето на младиот ученик Рори Милер и смртта на еден од постарите професори и откриваат важни траги на Џез, коишто понатаму ја усложнуваат полициската истрага. И, кога снегот почнува да го побелува пејзажот и откако ќе исчезне уште еден осомничен, Џез ќе мора да се соочи со сопствените демони.

И потоа, едно особено мрачно откритие ја претвора истрагата во најпредизвикувачкиот случај во нејзината кариера. Затоа што Флит хаус крие толку мрачни тајни, што дури ни Џез не можела да ги замисли…

Лусинда Рајли

Лусинда Рајли

Види повеќе