×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




Замката наречена совршеност

Замката наречена совршеност

Томас Куран


Издавач: Антолог-Боокс ДООЕЛ
Повез: Мек повез
Јазик: Македонски
Автор: Томас Куран
ISBN: 9786082436944
Жанр: Популарна психологија
Провери достапност во продавниците
Достапност во продавниците
Книжарница ТРИ ГТЦ Достапно
Книжарница ТРИ Веро Центар Достапно
Книжарница ТРИ Дебар Маало Достапно
500 ден.

Оваа прониклива книга, чиј автор е угледен професор од Лондонската школа за економија, истражува на кој начин потрагата по совршенство може да се претвори во опасна опсесија која води до „прегорување“ и до депресија – што од своја страна нè спречуваат да ги постигнеме зацртаните цели.

„Прегорувањето“ и депресијата денес бележат рекордни нивоа, а до нив се доаѓа поради огромната конкуренција на работното место, сеприсутните социјални медиуми кои поттикнуваат да се споредуваме со другите, поради тежнеењето да се навлезе во таканаречените елитни кругови и поради спорадичното и неорганизирано родителство. Општеството непрекинато ја наметнува потребата да се посакува повеќе, да се биде совршен.

Врз основа на најразличен доказен материјал од денешнината, Куран нуди јасен и реален поглед кон тоа, на кој начин перфекционизмот и неговата капиталистичка „опседнатост со безграничниот раст“ придонесоа кон масовното присуство на чувството на лично незадоволство и несигурност. Што можеме да сториме како поединци за да се спротивставиме на притисокот од денешнината да бидеме совршени и, со тоа спротивставување, да се избориме за живот со повеќе смисла и задоволство?

Полна бројни полезни лекции и драгоцени согледувања, книгава нуди алтернативен начин со кој ќе се постигне живот кој исполнува и е продуктивен. Чувството на олеснување е неминовно кога ќе се оттргнеме од стегите и ќе се концентрираме на она што ни е најважно.

Томас Куран

Томас Куран

Види повеќе