×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




Почетоците на кинеската цивилизација

Почетоците на кинеската цивилизација

Ли Чи


Издавач: Македоника Литера
Автор: Ли Чи
ISBN: 9786082520773
Жанр: Популарна наука
Провери достапност во продавниците
Достапност во продавниците
Книжарница ТРИ Ист Гејт Достапно
Книжарница ТРИ ГТЦ Достапно
Книжарница ТРИ Веро Центар Нема на залиха
Книжарница ТРИ Дебар Маало Нема на залиха
200 ден.

По близу шест децении од поставувањето на темелите на кинеската археологија, сè уште во Кина доминираа размислувањата, постулатите и концепциите на Ли Чи (1896 – 1979).

По дипломирањето, од елитната академија „Тсингхуа“ Ли Чи бил испратен во Соединетите Американ­ски Држави да студира психологија и социологија. Но таму тој се запознал со антропологијата и антрополошките книги и бил фасциниран од овој предмет, за кој претходно немал никакво знаење. На Харвард, каде што во 1923 година докторирал, Ли Чи студирал со Хотон, Тозер и Диксон и од овие тројца ментори тој се стекнал со знаење за физичката антропологија, археологијата и етноло­ги­јата, што понатаму му користело како за неговата доктор­ска дисертација (1928) така и во неговата натамошна шеесет­годишна кариера во Кина.

Од 1923 година, кога се вратил во Кина, до 1928 година, Ли Чи бил само типичен универзитетски професор, научен истражувач базиран врз американската матрица. Предавал на Универзитетот „Нанкаи“ во Тјенцин (1923 – 1925), а потоа на новиот Истражувачки институт при неговата матич­на академија „Тсингхуа“ (1925 – 1928). Од 1925 до 1926 раководел со ископувањето на неолитската јангшао култура, на локалитет лоциран во Хси-јин-тсун во Хсиа Хсиен, јужен Шанси, под закрилата на Институтот „Тсинг­хуа“ и Умет­нич­ката галерија „Фрир“ во Вашингтон и ста­ну­ва првиот кинески студент кој истражува архео­лошки локалитет.

Во 1928 година Ли Чи доживеал пресвртница во својот живот, а во исто време пресвртница доживеале и кинеската археологија и историографија – ги открива првите пишани документи за династијата Шанг и во наредниот половина век е национален лидер во археологијата.

Во оваа книга на Чи се објавени неговите најдобри статии за кинеската археологија, односно дава интегрален преглед за почетоците и за развојот на кинеската цивилизација. Освен за своите најзначајни истражувања и ископувања за раниот развој на Кина, тој, меѓу другото, пишува и за некои антрополошки прашања за Кина.

Пишувајќи за првите пишани траги во Кина и за кинескиот јазик, Ли Чи вели: „Кинезите, со непрекинат континуитет го развивале пишаниот јазик повеќе од три илјади години. Тоа е јазик во кој новите идеи во повеќето случаи се регистрираат по пат на слевање на релевантни знаци во еден симбол, во кој редоследот и подредувањето на зборовите, се најистакнатите карактеристики во граматичката конструкција, во која тоновите и интонациите играат улога како во ниту еден од абецедните јазици; тоа е јазик во кој, симетријата го надминува секое силогистичко размислување во секоја форма на литературното производство.“