Достапност во продавниците | |
---|---|
Книжарница ТРИ Ист Гејт | Достапно |
Книжарница ТРИ Дебар Маало | Достапно |
Книжарница ТРИ ГТЦ | Достапно |
Кејси Флечер, актерка која од неодамна останала вдовица, се обидува да избега од нападните новинари и се повлекува во мирот на семејната езерска куќа во Вермонт.
Вооружена со двоглед и неколку шишиња алкохол, таа го минува времето набљудувајќи ги Том и Кетрин Ројс, гламурозниот пар кој живее во куќата спроти езерото. Тие се интересни за набљудување – технолошкиот иноватор Том е богат, а поранешната манекенка Кетрин е прекрасна.Еден ден, на езерото, Кејси ја спасува Кетрин од давење и тие две почнуваат да се дружат. Но, колку повеќе се запознаваат – и колку подолго Кејси набљудува – станува очигледно дека бракот на Кетрин и Том не е толку совршен колку што изгледа. Кога Кетрин исчезнува, Кејси станува обземена да открие што ѝ се случило. Патем, открива морничави, мрачни вистини, кои ја претвораат приказната за воајеризам и сомнеж во приказна за вина, опсесија и за тоа колку изгледот може да излаже.И во овој роман заштитен знак на Рајли Сејгер се спојот на итри ликови, психолошка неизвесност, изненадувања достојни за воздишки и шокирачки пресверти до последната страница.
Рајли Сејгер е псевдоним на поранешен американски новинар, уредник и графички дизајнер, кој е роден во Пенсилванија, а денес живее и работи во Принстон, Њу Џерси. Неговите два први романи се наградувани интернационални бестселери, преведени на 25 јазици, а добиле и своја филмска адаптација. „Заклучи ги сите врати“ е последното остварување на Сајгер, кое стана бестселер на „Њујорк тајмс“, „Паблишер викли“ и „Ју-ес-еј тудеј“ и доби неколку награди за најчитан и најбаран трилер на летото 2019.
Види повеќеВеб страницата користи колачиња за да ви овозможиме најдобро можно корисничко искуство. Со продолжување на користењето на нашата интернет страница ја прифаќате употребата на колачиња (cookies).
Се согласувам