Достапност во продавниците | |
---|---|
Книжарница ТРИ ГТЦ | Достапно |
Книжарница ТРИ Дебар Маало | Достапно |
Книжарница ТРИ Ист Гејт | Достапно |
Книжарница ТРИ Веро Центар | Нема на залиха |
Сите мислат дека Ленора Хоуп е убиец.
Кога нејзиното семејство било масакрирано, таа била единствената што останала жива во текот на трагичната ноќ.
Повеќе од пет децении подоцна, нема и парализирана, седи врзана за инвалидска количка. Ленора никогаш немала можност да ја каже својата страна на приказната, сѐ додека нејзината нова негувателка, Кит, не ѝ донесе дактилографска машина. Со еден функционален прст, Ленора почнува да пишува: „Сакам да ти кажам сѐ.“
Додека Кит ѝ помага на Ленора со пишувањето, станува јасно дека приказната крие повеќе од тоа што сите мислат. Но, кога на виделина излегуваат нови детали, Кит почнува да се сомнева дали Ленора ја кажува целата вистина. Дали жената за која се грижи можеби е многу поопасна одошто си мисли?
Рајли Сејгер е псевдоним на поранешен американски новинар, уредник и графички дизајнер, кој е роден во Пенсилванија, а денес живее и работи во Принстон, Њу Џерси. Неговите два први романи се наградувани интернационални бестселери, преведени на 25 јазици, а добиле и своја филмска адаптација. „Заклучи ги сите врати“ е последното остварување на Сајгер, кое стана бестселер на „Њујорк тајмс“, „Паблишер викли“ и „Ју-ес-еј тудеј“ и доби неколку награди за најчитан и најбаран трилер на летото 2019.
Види повеќеВеб страницата користи колачиња за да ви овозможиме најдобро можно корисничко искуство. Со продолжување на користењето на нашата интернет страница ја прифаќате употребата на колачиња (cookies).
Се согласувам