Достапност во продавниците | |
---|---|
Книжарница ТРИ ГТЦ | Нема на залиха |
Книжарница ТРИ Дебар Маало | Достапно |
Книжарница ТРИ Ист Гејт | Достапно |
Книжарница ТРИ Веро Центар | Достапно |
НОВ ИНТЕРНАЦИОНАЛЕН ТРИЛЕР ФЕНОМЕН
Во забавен парк на периферијата на Стокхолм се појавува тело на брутално убиена жена во кутија избодена со мечеви. Додека полицијата е збунета, новинарите го нарекуваат убиецот Худини. Дали се работи за магионичарски трик што тргнал наопаку или за шокантно садистичко убиство? Злосторство какво што детективката Мина Дабири не видела досега. И тоа е само почеток…
Како што се продлабочува мистеријата за бруталното убиство, Мина бара помош од познатиот менталист Винсент Волдер. Само тој може да ѝ го претстави тајниот свет на илузиите. Наскоро откриваат дека жртвата го има изгравирано римскиот број III на ногата. Одбројување? Да, ќе има уште убиства. А и Винсент и Мина имаат мрачни тајни, така што станува очигледно дека и нивното минато е поврзано со она што се случува. Времето тече, а темпото станува сè побрзо.
Камила Лекберг и Хенрик Фексеус ги здружија силите во неверојатниот енигматичен трилер, претставувајќи една друга страна на овој жанр, полн со трикови, илузии и безмилосни убиства.
Камила Лекберг (1974) е шведска бестселер писателка позната по своите брилијантни современи психолошки трилери. Родена е во Фјелбака, мало рибарско место на север од Гетеборг. Дипломирала на Економскиот универзитет, а потоа се преселила во Стокхолм, каде што работела како економист. Се пробива со своето деби „Ледената принцеза“ во 2003 година, кое наидува на одлични реакции. Оттогаш Лакберг стана една од најпознатите и најнаградувани шведски автори чии книги се продадени во над 26 милиони примероци во повеќе од 60 земји и се преведени во повеќе од 40 јазици.
Таа тврди дека нејзината фасцинација за криминалистички трилери ја открила уште во нејзините млади години во домашната библиотека на татко ѝ. Нејзините книги се познати поради длабоката карактеризација на ликовите. Некои ја нарекуваат и „шведската Агата Кристи“. Живее во предградието на Стокхолм со својот сопруг Мартин и со своите три деца.
Види повеќеВеб страницата користи колачиња за да ви овозможиме најдобро можно корисничко искуство. Со продолжување на користењето на нашата интернет страница ја прифаќате употребата на колачиња (cookies).
Се согласувам