×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




Култ

Култ

Камила Лекберг


Издавач: Антолог-Боокс ДООЕЛ
Автор: Камила Лекберг
ISBN: 9786082436340
Жанр: Трилери
Провери достапност во продавниците
Достапност во продавниците
Книжарница ТРИ Дебар Маало Нема на залиха
Книжарница ТРИ ГТЦ Достапно
Книжарница ТРИ Ист Гејт Достапно
Книжарница ТРИ Веро Центар Достапно
650 ден.

#2 МИНА ДАБИРИ И ВИНСЕНТ ВОЛДЕР

 Петгодишно дете е киднапирано од градинка среде бел ден.

Детективката Мина Дабири и нејзиниот тим се повторно во акција. Веднаш пронаоѓаат сличности со друго киднапирање – за жал, со трагичен крај. Сфаќаат дека се соочуваат со опасен убиец.

За да ја реши загатката за првпат по драматичните настани пред две години, Мина бара помош од менталистот и нејзин стар пријател, Винсент Волдер. Нивниот однос е посебен. Ѕидот што ги делеше почнува да пука кога повторно ќе се сретнат.

Винсент и полицијата пронаоѓаат паралела помеѓу последното киднапирање и други исчезнати деца. Прашање на време е кога ќе исчезне уште некој и затоа мораат брзо да дејствуваат.

Во меѓувреме, отуѓената ќерка на Мина влегува во мистериозниот свет на Епикура, таинствена организација која тврди дека е центар за развој на лидерство. Може ли Мина да го заштити своето дете, кое воопшто не знае дека Мина постои?

Надевајќи се на среќен крај, читателите се препуштаат на способноста на авторите да ја одржуваат тензијата до последните страници. И со нетрпение да го очекуваат последниот дел од трилогијата.

Камила Лекберг

Камила Лекберг

Камила Лекберг (1974) е шведска бестселер писателка позната по своите брилијантни современи психолошки трилери. Родена е во Фјелбака, мало рибарско место на север од Гетеборг. Дипломирала на Економскиот универзитет, а потоа се преселила во Стокхолм, каде што работела како економист. Се пробива со своето деби „Ледената принцеза“ во 2003 година, кое наидува на одлични реакции. Оттогаш Лакберг стана една од најпознатите и најнаградувани шведски автори чии книги се продадени во над 26 милиони примероци во повеќе од 60 земји и се преведени во повеќе од 40 јазици.

Таа тврди дека нејзината фасцинација за криминалистички трилери ја открила уште во нејзините млади години во домашната библиотека на татко ѝ. Нејзините книги се познати поради длабоката карактеризација на ликовите. Некои ја нарекуваат и „шведската Агата Кристи“. Живее во предградието на Стокхолм со својот сопруг Мартин и со своите три деца.

Види повеќе