| Достапност во продавниците | |
|---|---|
| Книжарница ТРИ Веро Центар | Достапно |
Луција има сè во животот – стабилен брак, успешна кариера и обично секојдневие. Но некаде помеѓу очекувањата и обврските, го има изгубено единственото нешто што не може да го замени – себеси. Кога возбудливата порака од дамнешната младешка љубов ѝ ја напукнува површината на нејзиниот контролиран свет, Луција е вовлечена во тивка, но моќна внатрешна бура. Бура што ја тера да се запраша дали го живее животот што го посакувала. Додека сомнежите ја јадат, а страста ја растреперува и буди, Луција наоѓа неочекувано, а сепак толку едноставно прибежиште во… мирисот на лавандата. Тој ја потсетува на чувството што не смее повторно да го занемари. „Луција“ е интимен портрет на една жена; приказна за копнежот, храброста да се направи различен избор и новите животни почетоци.
Веб страницата користи колачиња за да ви овозможиме најдобро можно корисничко искуство. Со продолжување на користењето на нашата интернет страница ја прифаќате употребата на колачиња (cookies).
Се согласувам