| Достапност во продавниците | |
|---|---|
| Книжарница ТРИ ГТЦ | Достапно |
Иљф и Петров заедно напишале романи, патописи, сценарија, есеи, водвиљи..., а едно од најпопуларните дела на овој тандем е оваа патописна книга. „Приземна Америка“ е оценет како маестрален патопис и како патопис за сите времиња. Тоа е патопис од нивното заедничко патување по Соединетите Американски Држави во 1935 година. Патувајќи како официјални советски писатели во Соединетите Американски Држави во времето на големата економска криза, Иљф и Петров, на свој карактеристичен духовит и сатиричен начин ги опишуваат своите искуства, доживувања и запознавање на американската култура и на начинот на живеење, не воздржувајќи се да ја критикуваат и американската реалност во 1930-тите и советските предрасуди за „декадентниот американски капитализам“.
Во триесеттите години на ХХ век високите советски раководители ги испратиле овие двајца големи сатиричари и писатели во службена посета и да пишуваат патописи со кои на советските читатели ќе им „ја откријат“ тогаш недоволно познатата Америка, срцето на капитализмот, зафатен со големата економска криза. Очекувале жестока критика и разорна сатира за „декадентниот капитализам“, но тие испишале брилијантни патописи и на духовит и сатиричен начин ги опишуваат своите искуства и запознавање со американската култура и начин на живеење, не воздржувајќи се да ја критикуваат и американската реалност на 1930-тите и советските предрасуди за САД. Ја виделе и опишале висококатната, но ја виделе и еднокатната, приземна, Америка.
Во септември 1935 година, како дописници на весникот „Правда“, Иљф и Петров, отишле во Соединетите Американски Држави во времето на претседателот Франклин Рузвелт, кој придонесол за зближување на САД и СССР. Ова им овозможило на овие двајца автори слободно да се движат низ земјата и да го запознаат подобро животот на различните слоеви на американското општество. Иљф и Петров во Америка престојувале три и пол месеци. Извадоци од книгата во подготовка најпрвин биле објавени во „Правда“ и во списанието „Огоњок“ (каде биле објавени и фотографиите од патувањето на Иљф), а потоа во целост патописите биле објавени во 1936 година во списанието „Знамја“, додека во 1937 г. биле објавени како посебна книга.
Веб страницата користи колачиња за да ви овозможиме најдобро можно корисничко искуство. Со продолжување на користењето на нашата интернет страница ја прифаќате употребата на колачиња (cookies).
Се согласувам