Достапност во продавниците | |
---|---|
Книжарница ТРИ ГТЦ | Достапно |
Книжарница ТРИ Дебар Маало | Достапно |
Книжарница ТРИ Ист Гејт | Достапно |
Книжарница ТРИ Веро Центар | Достапно |
Оваа нова биографија на Карл Густав Јунг ја пополнува празнината во нашето сфаќање и разбирање на основоположникот на психијатријата, преку фокусот на окултната и мистична димензија на неговиот живот и дело, аспект што сѐ досега беше многу погрешно толкуван.
Јунг е легендарниот швајцарски психијатар и психоаналитичар, кој ја основал аналитичката психологија, познат по иновативните концепти како што се: колективното несвесно, теоријата за архетиповите и синхроницитетот. Поради неговата важност, честопати се одбегнуваше да се спомене каква било експлицитна поврзаност со мистицизмот или со окултното. Сепак, Јунг живеел живот богат со паранормални искуства – дебатирал со Зигмунд Фројд околу постоењето на полтергејстите, учествувал во сеанси, вклучувал астрологија во својата терапевтска работа, раскажувал за сопственото доживување и допир со смртта, а соработувал и соосновачот на парапсихологијата, Џ. Б. Рајн. Токму овие искуства – минорно спомнати во другите биографии или критички студии и честопати користени за да се оспорат Јунг и неговата философија – го обликуваат јадрото на оваа значајна нова биографија.
Гери Лакман на ваков начин го затвора кругот: им пристапува на животот и делото на Јунг од гледна точка на западната езотерична традиција и го сместува во контекст на другите главни езотерични мислители како Рудолф Штајнер, Г. И. Гурџиев и Емануел Сведенборг. Во таа смисла, оваа нова биографија е во корелација со сензибилитетот на читателите што со право го доживуваат Јунг како зачетник на денешната современа метафизичка култура.
Гери Лакман е автор на 21 книга на теми што се протегаат од еволуцијата на свесноста до самоубиства на книжевници, популарната култура и историјата на окултното. Има објавено мемоари за рокенрол-сцената на 1970-тите, биографии за Алистер Кроули, Рудолф Штајнер, К. Г. Јунг, Хелена Петровна Блавацка, Емануел Сведенборг, П. Д. Успенски и Колин Вилсон, истории за херметизмот и за западната внатрешна традиција, студии за егзистенцијализмот и за филозофијата на свесноста и за влијанието на езотеријата врз политиката и општеството. Пишува за неколку весници во Англија, Америка и Европа како „Фортин тајмс“, „Квест“, „Стрејнџ атрактор“, „Фенрис Вулф“, а негови дела се имаат појавено и во „Тајмс литерари саплемент“, „Тајмс еџукејшнал саплемент“, „Гардијан“, „Индепендент он сандеј“, „Сандеј тајмс“, „Моџо“, „Гнозис“ и други публикации. Редовен предавач е на универзитети во Англија, Америка и Европа, а неговите дела биле преведени на десетици јазици. Се има појавено во неколку филмски и телевизиски документарци и на „Би-би-си“ и е дел од соработничкиот Факултет за трансформативни студии при калифорнискиот Институт за интегрални студии. Пред да стане професионален писател, Лакман студирал филозофија, предводел „њу ејџ“ продавница за книги, предавал англиска литература и бил научен писател за УКЛА. Еден е од основачите на поп-групата „Блонди“ и во 2006 година беше примен во Рокенрол куќата на славните. Лакман е роден во Њу Џерси, но од 1996 година живее во Лондон, Англија.
Види повеќеВеб страницата користи колачиња за да ви овозможиме најдобро можно корисничко искуство. Со продолжување на користењето на нашата интернет страница ја прифаќате употребата на колачиња (cookies).
Се согласувам