×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




Темно скенирање

Темно скенирање

Филип К. Дик


Издавач: Конгресен Сервисен Центар
Автор: Филип К. Дик
ISBN: 9786084850984
Жанр: Романи
Провери достапност во продавниците
Достапност во продавниците
Книжарница ТРИ ГТЦ Достапно
Книжарница ТРИ Дебар Маало Достапно
450 ден.

Темно скенирање е уште едно интелигентно и визионерско дело на Филип К. Дик, кое се занимава со изменети состојби на свеста. Приказната и нејзината препознатлива мрачна атмосфера се однесуваат на наркокултурата во Калифорнија во раните деведесетти години, како и начинот на кој наркотиците стануваат активен елемент на меѓучовечките и општествените односи.

И во овој роман, Дик го става својот футуристички печат на теми како што се ефектите на капитализмот и државното угнетување врз менталната и духовната состојба на поединецот. Книгата ја разоткрива и сета апсурдност и лицемерие на „војните против дрога“ што се водат и денес. Во Темно скенирање, Филип К. Дик ги доведува во прашање идентитетите на своите херои, притоа отворајќи неколку прашања чии одговори се бараат преку динамичното дејство и завршуваат со разоткривање на односите на моќ што го одредуваат нашето секојдневие дури и надвор од овој текст.

Филип К. Дик

Филип К. Дик

Види повеќе