| Достапност во продавниците | |
|---|---|
| Книжарница ТРИ ГТЦ | Достапно |
| Книжарница ТРИ Ист Гејт | Нема на залиха |
| Книжарница ТРИ Дебар Маало | Достапно |
| Книжарница ТРИ Веро Центар | Нема на залиха |
Романот Шиндлеровата листа предизвикал опширна полемика поради покажувањето на еден друг поглед на антисемитизмот и историјата на Втората светска војна. Шиндлеровата листа е прекрасна книга заснована врз вистинска приказна за тоа како еден германски воен профитер и директор на затворенички логор Оскар Шиндлер успеал да спаси повеќе Евреи од гасните комори одошто кој било поединец во текот на Втората светска војна. Во ова врвно дело на литературата за Холокаустот, според кое беше снимен и филм кој освои повеќе Оскари, Томас Кенили користи вистински сведоштва на Schindlerjuden – Шиндлеровите Евреи – за брилијантно да ги портретира храброста и остроумноста на еден добар човек насред неописливото зло.
Веб страницата користи колачиња за да ви овозможиме најдобро можно корисничко искуство. Со продолжување на користењето на нашата интернет страница ја прифаќате употребата на колачиња (cookies).
Се согласувам