Достапност во продавниците | |
---|---|
Книжарница ТРИ Веро Центар | Нема на залиха |
Книжарница ТРИ Ист Гејт | Достапно |
Книжарница ТРИ Дебар Маало | Достапно |
Книжарница ТРИ ГТЦ | Достапно |
„Магла и месечевина“ е своевиден увод во подоцнежните дела на Селимовиќ, а дел од критиката го смета и како суптилна увертира за култниот „Дервишот и смртта“.
Ова е приказна за млад селски пар кој во својот дом згрижува ранет партизан во текот на Втората светска војна. Ликовите се неверојатно психолошки прикажани, а трагичната нота демне над текот на дејството. „Магла и месечевина“ е едно од најдобрите дела со тематика од Втората светска војна – лирски, таинствен, суптилен и меланхоличен роман, но истовремено проникнат со еротски набој кој му дава дури и одредена контроверзна димензија. Ова е текст на молкот, кој чудесно се наметнува врз сè што ликовите зборуваат. Војната е вплетена и како општествена позаднина, но и како борба во самиот човек, бидејќи се прикажуваат човечките искушенија во немирни времиња, додека во совеста на ликовите се случува голем внатрешен судир.
Меша Селимовиќ изјавил дека ова е негово артистички најуспешно дело.
Веб страницата користи колачиња за да ви овозможиме најдобро можно корисничко искуство. Со продолжување на користењето на нашата интернет страница ја прифаќате употребата на колачиња (cookies).
Се согласувам