Достапност во продавниците | |
---|---|
Книжарница ТРИ Веро Центар | Нема на залиха |
Книжарница ТРИ ГТЦ | Достапно |
Книжарница ТРИ Дебар Маало | Достапно |
„Книга за Петре“ е тематска збирка раскази не од туку за Петре М. Андреевски, еден од нашите најзначајни и најдаровити автори во втората половина на 20 и почетокот на 21 век; чествувачка и наменска антологија приредена по повод 90-годишнината од неговото раѓање. „Книга за Петре“ и суштински и со својот поднаслов ги слави „сите лица на расказот“, како што Андреевски ги слави „сите лица на смртта“ во последната збирка раскази објавена за време на неговиот живот, во 1994 година. Деветнаесетмина современи македонски раскажувачи од сите генерации наредени хронолошки, според годината на раѓањето (Влада Урошевиќ, Оливера Николова, Гордана Михаилова Бошнакоска, Димитрие Дурацовски, Томислав Османли, Блаже Миневски, Ермис Лафазановски, Лилјана Пандева, Венко Андоновски, Оливера Ќорвезироска, Елизабета Баковска, Калина Малеска, Владимир Јанковски, Бранко Прља, Жарко Кујунџиски, Ѓорѓи Крстевски, Ѓоко Здравески, Живко Грозданоски и Хана Корнети) го слават раскажувањето на Петре М. Андреевски на личен, автентичен начин, со специјални раскази за оваа пригода, кои имаат различни и комплексни врски со Петре и со неговото книжевно писмо.
Веб страницата користи колачиња за да ви овозможиме најдобро можно корисничко искуство. Со продолжување на користењето на нашата интернет страница ја прифаќате употребата на колачиња (cookies).
Се согласувам