Достапност во продавниците | |
---|---|
Книжарница ТРИ ГТЦ | Достапно |
Книжарница ТРИ Веро Центар | Достапно |
Книжарница ТРИ Дебар Маало | Достапно |
Книжарница ТРИ Ист Гејт | Достапно |
Деклан: Судено ми е да станам директор на семејната медиумска империја. Има само еден проблем. Клаузулата за наследство на дедо ми. Исполнувањето на неговата последна желба – да се оженам и да му дадам наследник – ми се чинеше невозможно сѐ додека мојата асистентка не волонтираше за позицијата. Нашиот брак требаше да биде совршено решение на мојот најголем проблем. Но колку повеќе глумиме дека сме заљубени пред други, толку понесигурен станувам за нашиот договор. Развивањето чувства за Ирис никогаш не беше дел од спогодбата. Особено не кога знам дека е неизбежно да ѝ го скршам срцето.
Ирис: Мојот план да се омажам со Деклан во теорија беше прилично едноставен. Ќе се вселиме заедно. Ќе организираме свадба. Ќе направиме дете. Поставивме дури и одредени правила за да избегнеме какви било проблеми. Правила кои не требаше да бидат прекршени, без оглед на тоа колку Деклан ќе ме искушува. Но што кога нашата фиктивна врска почнува да се претопува во вистинска? Вљубувањето никогаш не беше опција. Барем не за мене.
Веб страницата користи колачиња за да ви овозможиме најдобро можно корисничко искуство. Со продолжување на користењето на нашата интернет страница ја прифаќате употребата на колачиња (cookies).
Се согласувам