Достапност во продавниците | |
---|---|
Книжарница ТРИ Веро Центар | Достапно |
Книжарница ТРИ Дебар Маало | Нема на залиха |
Книжарница ТРИ ГТЦ | Достапно |
Заштедувате 60 ден.
Книга која ни покажува како истовремено е можно да се биде и збиен, и прониклив, и зенитистички мудар, и интелектуално остар, и во почвата, и вон неа. Се чини дека искусниот дебармаалски џентлмен ни ја демонстрира најтешката литературна вештина: да не се биде чаталџија, т.е. едновремено да се биде аптекар, златар и хирург, според чистотата, прецизноста, финотијата и одмереноста на зборовите. Како да ги дестилира најдобрите особини на неговите драми, Стефановски со Импресиите отвора ново поле за јазично уживање, за толкување на неговиот ракопис, но и ново поле за целокупната наша литература.
„...она што особено фасцинира е тоа што веднаш по отворањето на овие прекрасно интимни записи, тие стануваат и мои и твои и мои пред десет години и нивни по педесет години и наши сега...“
Фросина Пармаковска
Веб страницата користи колачиња за да ви овозможиме најдобро можно корисничко искуство. Со продолжување на користењето на нашата интернет страница ја прифаќате употребата на колачиња (cookies).
Се согласувам