×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




Memento mori

Memento mori

Анде Јанков


Издавач: Антолог-Боокс ДООЕЛ
Повез: Мек повез
Јазик: Македонски
Број на страници: 301
Година на издавање: 2025
Автор: Анде Јанков
ISBN: 9786082437910
Жанр: Трилери
Провери достапност во продавниците
Достапност во продавниците
Книжарница ТРИ Дебар Маало Достапно
Книжарница ТРИ ГТЦ Достапно
400 ден.

#5 инспектор Виктор Николов 

 „Тоа што го правиме во животот одекнува во вечноста.“

Една година по трагичните настани од „Тера“, животот на полицискиот инспектор Виктор Николов ги брои неговите најлоши денови. Повторно е исфрлен од заедничкиот дом со Сандра, целосно оддалечен од секојдневјето на неговата ќерка.

При крајот на пролетта, на незгодите од приватниот живот им се придружуваат и турбуленциите на работното место при Одделот за крвни и сексуални деликти, на којшто тој е сè помалку популарен. Гледајќи шанса да побегне подалеку и од едното и од другото, во придружба на неговиот добар пријател, психологот Благој, Виктор заминува во посета на брат му Даниел, кој е на средината од својот престој на книжевна резиденција во Загреб.

Даниел е автор на драмскиот текст на претстава базирана на „Хамлет“, во изведба на Народниот театар од Битола, чија премиера во Загреб е закажана додека тој престојува во хрватската престолнина. Наскоро доаѓа до свирепо убиство во хотелот во којшто сите тие се сместени. Дел од членовите на претставата немаат цврсто алиби за времето на убиството. Уште полошо, тоа важи и за најблиските луѓе на авторот на текстот…

„Во целиот роман постојано провејува желбата, но и поривот да се остави наследство, легитимитет во дела кои траат повеќе од моменталното материјално уживање, дури и по цена на сопствениот живот и личната среќа; бидејќи соочен со смртта, единствено важно прашање е каквo значење имал животот.“ – Софија Стојков

Анде Јанков

Анде Јанков

Види повеќе