| Достапност во продавниците | |
|---|---|
| Книжарница ТРИ ГТЦ | Достапно |
„Пат за Бутан“ е приказна што говори за апсурдноста на долготрајната транзиција, за меѓукултурните и за меѓуетничките не(до)разбирања, но истовремено зборува и за меѓусебната топлина на обичните луѓе.
Пајо Авировиќ е роден во Скопје во 1966 година. Дипломирал Ориентална филологија во Сараево и работел на универзитетите во Сараево и во Белград. Бил постојан соработник на неделникот „Пулс“.
Од 1997 година е во македонската дипломатска служба, каде што извршува повеќе одговорни функции, во МНР и во дипломатско-конзуларните претставништва во странство. Службувал во Париз, Њујорк и Тел Авив.
Автор е на романот „Џахиз и истребувачите на кучиња“ за кој ја добива наградата „Роман на годината“ на „Утрински весник“ во 2005 година.
Веб страницата користи колачиња за да ви овозможиме најдобро можно корисничко искуство. Со продолжување на користењето на нашата интернет страница ја прифаќате употребата на колачиња (cookies).
Се согласувам