×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




Лолита

Лолита

Владимир Набоков


Издавач: Антолог-Боокс ДООЕЛ
Повез: Мек повез
Јазик: Македонски
Број на страници: 384
Година на издавање: 2026
ISBN: 9786082438507
Жанр: Романи
Провери достапност во продавниците
Достапност во продавниците
Книжарница ТРИ Веро Центар Достапно
Книжарница ТРИ Дебар Маало Достапно
Книжарница ТРИ ГТЦ Достапно
550 ден.

Кога Хамберт Хамберт ја запознава дванаесетгодишната Долорес Хејз – Лолита  започнува една од најконтроверзните и најфасцинантните авантури во светската литература.

Хамберт е европски писател и истражувач на свои четириесетина години, којшто безусловно се вљубува во ќерката на сопственичката на куќата во која престојува. Прифаќајќи да се ожени со госпоѓа Хејз само за да биде блиску до Лолита, својата идна поќерка, Хамберт доживува големи страдања во потрагата по посакуваната романса. Но кога вниманието на Ло се свртува на друга страна, тој се решава да ја однесе на очајничко патување преку целата дражава; сè во име на љубовта. Во низата градови, мотели и патишта низ Америка, каде што патува со или без неговата „нимфета“, следиме патување низ лудилото раскажано истовремено со автоиронија и со разгален лиризам од самиот Хамберт.

Забавен, раскошен, трогателен и полн со извонредни алузии, „Лолита“ е незаборавно ремек-дело за опсесијата, заблудата и за страста. Книга што не престанува да предизвикува и да отвора прашања за моралот, уметноста, разумот и за моќта на раскажувањето.

Владимир Набоков

Владимир Набоков

Види повеќе