| Достапност во продавниците | |
|---|---|
| Книжарница ТРИ ГТЦ | Достапно |
| Книжарница ТРИ Дебар Маало | Достапно |
#2 НОКМАУТ
Се враќаме во шармантното гратче за да ја дознаеме приказната на Неш, братот на Нокс Морган – главниот јунак на бестселерот „Нештата што не ги преболевме“.
Познат под прекарот Примерниот Мангуп, Неш отсекогаш бил посветен чувар на редот и законот, омилен кај своите сограѓани, а особено сограѓанките. Но овој началник на полицијата моментално заздравува од прострелната рана и неговиот шарм е заменет од панични напади и кошмари.
Сепак, неговата нова сосетка, паметната и суператрактивна Лина Солавита, пронаоѓа начин да го пробие неговиот цврст оклоп. По правило, таа не поднесува физички контакт – освен ако самата не го иницира. Но допирот на Неш е поинаков. Смирувачки. И двајцата го чувствуваат тоа. Нивната физичка привлечност е силна и опасно заводлива, доволна за да го приземји него и да ја натера неа да се запраша дали вреди да се ризикува, иако таа не се впушта во врски. Никогаш… Никогаш?
Лина има свои тајни, а ако Неш дознае зошто таа е во градот, нема никогаш да ѝ прости. Освен тоа, откако ќе го добие она по што дошла, планира да си замине. Емотивна, трогателна и страсна приказна за втората шанса, за внатрешните борби и за љубовта што умее да го пронајде патот и низ најмрачните периоди. Роман за ранливоста, обновувањето и за силата на љубовта што знае да ги заздрави најдлабоките рани.
Луси Скор уште еднаш испорачува приказна полна со емоции, смеа, напнатост и нежност, оставајќи ги читателите маѓепсани од атмосферата на Нокмаут и од ликовите што не се забораваат.
Веб страницата користи колачиња за да ви овозможиме најдобро можно корисничко искуство. Со продолжување на користењето на нашата интернет страница ја прифаќате употребата на колачиња (cookies).
Се согласувам