Достапност во продавниците | |
---|---|
Книжарница ТРИ ГТЦ | Достапно |
Книжарница ТРИ Ист Гејт | Достапно |
Книжарница ТРИ Дебар Маало | Достапно |
Оригинален книжевен поглед со богат историографски увид за разликите во светогледите на луѓето од Истокот и од Западот на почетокот од XIX век во Босна.
Романот претставува седумгодишен летопис кој го опфаќа периодот од 1807 до 1814 година, кое е и времето на подемот и падот на Наполеон. Травник тогаш бил везирски град и во него се мешале односите меѓу француските и австриските конзули со месното население и османлиските великодостојници. Во оваа смисла, жителите на Травник се претставниците на Истокот, а францускиот конзул Давил, на Западот. Со неговото пристигнување тој станува проследувач и учесник во еден нов и дотогаш непознат, таканаречен ориентален начин на живот. На суптилен книжевен начин е нагласена непремостливата разлика помеѓу источните и западните култури.
Пишувајќи го романот за време на Втората светска војна, Андриќ користел богата документарна граѓа од сферата на историјата, етнологијата и автентични записи за личностите претставени во делото. „Травничка хроника“ е најкласичниот роман во неговото творештво.
Веб страницата користи колачиња за да ви овозможиме најдобро можно корисничко искуство. Со продолжување на користењето на нашата интернет страница ја прифаќате употребата на колачиња (cookies).
Се согласувам