×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




Бурмански денови

Бурмански денови

Џорџ Орвел


Издавач: Икона
Автор: Џорџ Орвел
ISBN: 9786084993452
Жанр: Романи
Провери достапност во продавниците
Достапност во продавниците
699 ден.

Сместен во измислената област Кјауктада во Горна Бурма, во тоа време британска колонија, романот ја раскажува приказната за Флори, 35-годишен англиски трговец со дрво, кој го поминал својот возрасен живот во Бурма. Романот се фокусира на потрагата на осамениот Флори по жена која ќе може да ги следи неговите нетипични ставови во врска со домородното „обоено“ население.
Флори е вовлечен во смртоносно ривалство кога се спријателува со Верасвами, индиски лекар, кој е под лупа на корумпиран судија. Флори и пркоси на конвенцијата на империјалниот фанатизам во Бурма нудејќи му да му помогне на својот нов пријател, но последиците за него и Елизабет, жената што ја сака, ќе бидат експлозивни.

Џорџ Орвел

Џорџ Орвел

Џорџ Орвел (25 јуни 1903 – 21 јануари 1950) е псевдоним на британскиот писател Блер Ерик Артур, еден од најпочитуваните англиски есеисти и романсиери од 20 век, политички и културен коментатор, темелен критичар на современото општество. Роден е во Мотихари, Бенгал, каде што татко му бил државен службеник. Во 1907 г. семејството се преселило во Англија. Во 1917 г. Орвел се запишал на престижниот колеџ во Итон, каде што соработувал со неколку списанија. Во 1922 г. се вратил во Индија и работел во Индиската империјална полиција во Бурма, но по пет години ја напуштил, огорчен од нејзините методи. Извесно време работел како пристаништен работник во Бурма, две години живеел во Париз, а потоа се вратил во Лондон, каде што работел како учител и продавач во книжарница. Од крајот на 1936 г. учествувал во Граѓанската војна во Шпанија, на страната на републиканците, каде што бил ранет. По две години бил примен во еден санаториум, но никогаш целосно не закрепнал. Во текот на Втората светска војна служел во Домашната гарда, а од 1941 до 1943 г. водел радиоемисија против фашизмот при Военовоздушните сили. Во тоа време објавувал статии во повеќе весници и списанија и бил литературен уредник во Трибјун, за кој пишувал политички и книжевни коментари.

Орвел почнал да пишува во Индија. Првото дело, автобиографската проза Без скршена пара во Париз и Лондон, го објавил во 1933 година, во Европа. Следуваат Бурманските денови, романот Ќерката на свештеникот, белешките од Граѓанската војна во Шпанија Во чест на Каталонија, есеите Во внатрешноста на китот... Најпознати дела му се политичката алегорија Животинска фарма од 1945 г. и антиутопискиот политички роман 1984, објавен во 1949 година.

Види повеќе