×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




Балерини

Балерини

Мирженка Чехова


Издавач: Антолог-Боокс ДООЕЛ
Автор: Мирженка Чехова
ISBN: 9786082436029
Жанр: Романи
Провери достапност во продавниците
Достапност во продавниците
Книжарница ТРИ Ист Гејт Достапно
350 ден.

Роман за контроверзите на образованието и практиката на класичната балетска уметност.

Базирана врз лично искуство, приказната се развива околу школувањето на млада девојка на балетски конзерваториум во Прага во 1990-тите години. Осамостојувањето на рана возраст, предизвиците на големиот град, жртвите за посакуваниот идеал, постојаниот физички и ментален напор, строгата и непотполна едукација, секојдневните прегладнувања, дрогите и алкохолот… Се покажува дека возвишената балетска игра има потресна позадина.

Раскрвавени стапала, вкалапување на телото во точно пропишани размери, губење на индивидуалноста, честопати и изневерување на идеалите, куси и недоволно успешни кариери, многу разочарувања, па и самоубиства… Приказната е раскажана непретенциозно, со иронија и горка смеа, со еден воздржан, но продорен револт: дали навистина мора да биде така?

Појавата на оваа книга предизвикала сериозни дебати во балетскиот свет во Чешка и побудила контрадикторни реакции кај читателската публика: некои ја осудуваат за оцрнување на класичниот балет, а други ја доживуваат како поттик за сериозно преосмислување на практикувањето на оваа уметност.

Мирженка Чехова

Мирженка Чехова

Мирженка Чехова (1982) е една од најинтересните претставнички на современиот експериментален балетски и физички театар во Чешка, режисерка и изведувачка на перформанси, кореографка, универзитетска професорка и писателка. Завршила Балетски конзерваториум во Прага, отсек класичен балет, а паралелно следела и студии по Алтернативен театар и Невербален театар. Во 2012 година одбранила докторат од областа на режија на физички и мимички театар. Како добитник на Фулбрајтова стипендија извесен период престојувала во Вашингтон, САД. Авторка е и учесничка на повеќе од дваесет сценски проекти во Чешка и во САД, кои експериментираат со различни изразни средства и за таа дејност е добитничка на низа награди и признанија. Се занимава особено со документарни танцови перформанси (доку-танц) и мултимедијални проекти.

Нејзиниот творечки опус опфаќа и две книжевни остварувања. Тоа се прозните книги „Мис Америка“ (2018) и „Балерини“ (2020). Интересно е што обете книжевни дела ѝ послужиле и како предлошки за танцово-сценски перформанси. Со оглед на бурните реакции на јавноста по објавата на книгата „Балерини“, Чехова реализирала хибридни онлајн перформански под наслов „Метабалерини“ во пандемиски услови, а во почетокот на 2022 година се случила и премиерата на  драматизацијата на книгата во вид на мултимедијален сценски проект, кој комбинира анимација, филм, музика во живо и балет.

За книгата „Балерини“ Мирженка Чехова била номинирана за Наградата за литература на Европската унија.

Види повеќе