Достапност во продавниците | |
---|---|
Книжарница ТРИ Ист Гејт | Достапно |
Книжарница ТРИ Дебар Маало | Достапно |
Книжарница ТРИ Веро Центар | Достапно |
Книжарница ТРИ ГТЦ | Достапно |
Кога сакаш уште од животот, подготвен ли си да се откажеш од она што го имаш?
„Ѕвезди под клепките“ е можен одговор на некои од најголемите загатки на животот: каде, кога и како ја среќаваме љубовта. И како ја препознаваме? Дали во тоа ни помагаат ѕвездите што ни треперат под клепките?
Раскошен роман за најзначајните и најтешките животни прашања и дилеми. Повеќеслојна сага со три испреплетени приказни во кои палимпсестно се испишани најмалку уште толку, колку лични толку и универзални. Во нив треперат копнежи и разделби среде историски битки, премолчани зборови, неискористени можности и неодговорени прашањата: еден ли е светот или има мноштво светови во кои паралелно течат нашите животи? Постои ли во некој од нив нашата сродна душа и дали со неа ни се случува љубов на прв поглед? И дали таа љубов е способна да ја премости големата разлика во годините и да ги надмине сите пречки што ѝ стојат на патот?...
Во стилот на големите мајстори, Терзијски не води на возбудлива прошетка низ времето и судбината, поткревајќи ја пред нашите очи завесата на животот. За него, некаде под очните капаци на секој од нас има нешто многу поголемо, до кое малкумина успеваат да допрат. И со кое гледаат многу повеќе отколку што нуди реалноста.
Николај Терзијски (1983, Смољан) е современ бугарски писател и новинар. Дипломирал новинарство на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ во Софија во 2005 г., а по две години магистрирал на Филозофскиот факултет. Работел како сценарист и ТВ-водител, а од 2003 година е вработен како новинар во продуцентската куќа „Седум осмини“. Во 2014 г. го отвора блогот „Терзилаци“ на кој објавува свои раскази, хумористични есеи, политичка сатира, публицистика, осврти за книги.
Досега има објавено три романи. „Одлачување“ ја добива националната награда за дебитантско дело „Јужна пролет“, номиниран е и за други награди и прогласен е за една од најважните книги изадени на бугарски јазик во 2017 година. „Хроники на непознатото“ (2019) влегува во тесна конкуренција за роман на годината и за годишните награди на Портал „Култура“. А „Ѕвезди под клепките“ (2022) ја добива Националната награда „Христо Г. Данов“ за придонес во книжевната култура и е номиниран за сите значајни награди за проза во Бугарија.
Види повеќеВеб страницата користи колачиња за да ви овозможиме најдобро можно корисничко искуство. Со продолжување на користењето на нашата интернет страница ја прифаќате употребата на колачиња (cookies).
Се согласувам