| Достапност во продавниците | |
|---|---|
| Книжарница ТРИ ГТЦ | Достапно |
| Книжарница ТРИ Дебар Маало | Достапно |
Никогаш не сум познавал човек кој имал подобри мотиви за сите проблеми што ги предизвикал, забележува нараторот Фаулер за Олден Пајл, т.н. тивок Американец и можеби најконтроверзниот лик во делата на Греам Грин. Пајл е млад идеалист, испратен од Вашингтон на тајна мисија во Сајгон, во време кога француската армија се соочува со герилците од Виет Мин. Но неговите добронамерни политики водат до крвопролевање. Фаулер, искусен и циничен британски новинар, се потешко останува само набљудувач. Сепак, и неговите мотиви се сомнителни - за полицијата, но и за него самиот - бидејќи Пајл му ја презема прекрасната љубовница - Виетнамката Фуонг. Првпат објавен во 1956 година и двапати екранизиран, Тивкиот Американец останува вознемирувачки и пророчки портрет на наивноста на дело и е моќна и провокативна приказна за љубовта и моралот во Виетнам.
Веб страницата користи колачиња за да ви овозможиме најдобро можно корисничко искуство. Со продолжување на користењето на нашата интернет страница ја прифаќате употребата на колачиња (cookies).
Се согласувам