| Достапност во продавниците | |
|---|---|
| Книжарница ТРИ Веро Центар | Достапно |
| Книжарница ТРИ ГТЦ | Достапно |
| Книжарница ТРИ Дебар Маало | Достапно |
938 година: Млад италијански пар се збогува во сенките на планината Монтевино за време на војната. Си ветуваат дека ќе останат заедно, без оглед на сѐ, и кројат план тајно да се венчаат пред да побегнат во шумата за да се приклучат на Отпорот. Сегашност: Кали сѐ уште не може да си дојде на себе од откритието дека е посвоена кога заминува од Тексас и се упатува во Монтевино во потрага по одговори, стегајќи ги во рака клучевите од штотуку наследената прекрасна вила на брдо. Во плакарот на биолошката мајка, наоѓа дневник кој ѝ припаѓал на жена по име Елиса Стела, една од првите студентки на медицина во Италија. Така Кали ја открива приказната за страсната млада докторка која ризикувала сѐ за да се омажи за својот сакан, која била предадена од страна на сопствените луѓе и принудена да се крие за време на нападот на Монтевино.
Веб страницата користи колачиња за да ви овозможиме најдобро можно корисничко искуство. Со продолжување на користењето на нашата интернет страница ја прифаќате употребата на колачиња (cookies).
Се согласувам