| Достапност во продавниците |
|---|
Eдно украдено кафе. Една мала лага. Ептен згоден тип. И едно од оние запознавања што се случуваат само во најдобрите филмови. Изабела Шеј, обично, е многу искрена личност. Но, кога постои можност да задоцни на првиот ден на својата работа од соништата и го слуша баристата како трипати ја повикува „Ејми“ без никој да се јави, не размислува двапати – се претставува како Ејми. На крајот на краиштата, тоа е истото кафе што го нарача и веќе го плати, па каква штета може да има? Освен тоа, подготвена е да ја прифати лошата карма што, можеби, си ја навлече, само за да стигне навреме. Но, кога ќе се сврти и ќе се судри со најзгодниот маж што некогаш го видела истурајќи му го кафето врз кошулата и вратоврската, кои како да се излезени од модно списание за мажи, срцето ѝ потскокнува. Каква лоша карма? Хемијата меѓу нив е очигледна уште од првиот миг и пред неа се отвораат безброј можности... сè додека тој не рече: „Претпоставувам дека ќе се видиме утре, Ејми.“ Изи мисли дека следниот ден ќе може да ги среди работите. Но, кога пристигнува во новата канцеларија и го запознава директорот на својот оддел, Блејк Филипс, сфаќа дека тоа е преслаткиот непознат маж од кафулето. И, можеби, е шармантен со „Ејми“, но со Изи е арогантен муртенко – таков кому нејзиното објаснување воопшто не му е смешно. Сепак, малку по малку, привлечноста меѓу нив почнува да расте и ќе мора да најдат начин да работат заедно – без да пламнат – од гнев или од страст.
Веб страницата користи колачиња за да ви овозможиме најдобро можно корисничко искуство. Со продолжување на користењето на нашата интернет страница ја прифаќате употребата на колачиња (cookies).
Се согласувам