Достапност во продавниците | |
---|---|
Книжарница ТРИ Дебар Маало | Достапно |
Книжарница ТРИ Ист Гејт | Достапно |
Книжарница ТРИ Веро Центар | Нема на залиха |
Книжарница ТРИ ГТЦ | Достапно |
„Женски декамерон“ е книга за десет млади советски жени, кои ќе се најдат во исто породилиште во Ленинград, во период кога во таа установа е воведен карантин. Тие ќе мораат да поминат таму уште десет дена, нешто што, секако, воопшто не ги радува. Тогаш на едната од нив ѝ текнува да ја повтори приказната што прв ја раскажал фирентинскиот писател Бокачо; имено, за време на десетте дена да се забавуваат раскажувајќи си приказни за животот, за мажите, за љубовта, за љубомората, за неверствата, за заведувањето, за фарсичниот секс, за парите, за среќата и за многу други нешта што ја возбудуваат секоја женска душа, вклучително и руската.
Предлогот е едногласно прифатен и во тие десет дена жените раскажуваат сто приказни – по една приказна на ден од секоја од нив – во кои се насетува суровата реалност на едно општество распарчено од самоубиства, разводи и алкохолизам, сиромаштија, закани за ужасни затворски казни. Истовремено, од оваа книга зрачи страсна верба во духовната сила на руската жена, со која сочувствуваат читателите низ цел свет.
Веб страницата користи колачиња за да ви овозможиме најдобро можно корисничко искуство. Со продолжување на користењето на нашата интернет страница ја прифаќате употребата на колачиња (cookies).
Се согласувам