Достапност во продавниците | |
---|---|
Книжарница ТРИ Веро Центар | Нема на залиха |
Книжарница ТРИ Ист Гејт | Достапно |
„Антабус“ раскажува за насилството над жените преку светогледот на петнаесетгодишната Лејла.
Таа е единствена ќерка во работничко семејство што емигрирало од Анадолија во Истанбул. И наместо на училиште, пратена е да работи во конфекција за да носи пари дома. Лејла почнува да ја живее сопствената трагична судбина и на овие страници ја раскажува непосредно, без китење или сокривање на што и да е. Суровата реалност на Лејла, која живее за да најде начин да избега од ситуацијата во која се наоѓа, нема да ве остави рамнодушни. Моќта на зборот на авторката Серај Шахинер е таква што чувствувате дека и туѓата болка боли.
Театарот „Татбикат Сахнеси“ ја изведува драмата адаптирана според овој роман и во 2016 година ја добива специјалната награда „Џеват Фехми Башкут“.
Серај Шахинер (1984) е турска писателка. Дипломирала новинарство, а магистрирала на катедрата за кинематографија. Сезонски работела како келнерка и машинска работничка во конфекција. Моментално соработува со различни турски весници и списанија. Пишува проза и есеи. Добитничка е на неколку награди за расказите и за романите, а дел од нив се поставени и како театарски претстави.
Види повеќеВеб страницата користи колачиња за да ви овозможиме најдобро можно корисничко искуство. Со продолжување на користењето на нашата интернет страница ја прифаќате употребата на колачиња (cookies).
Се согласувам