Достапност во продавниците | |
---|---|
Книжарница ТРИ Ист Гејт | Достапно |
Книжарница ТРИ ГТЦ | Нема на залиха |
Книжарница ТРИ Веро Центар | Нема на залиха |
Книжарница ТРИ Дебар Маало | Достапно |
Светски најпознатиот космолог и автор на бестселерот Кратка историја на времето, во ова брилијантно постхумно дело ни ги предава своите последни размисли за најкрупните прашања за универзумот. Како настанал универзумот? Дали човештвото ќе преживее на Земјата? Постои ли интелигентен живот вон нашиот Сончев систем? Можно ли е вештачката интелигенција некогаш да нè надмине?
Во текот на својата исклучителна кариера, Стивен Хокинг го прошири нашето разбирање за универзумот и ни откри некои од неговите најголеми мистерии. Но, иако неговата теориска работа на црните дупки, имагинарното време и мноштвото истории го одведе неговиот ум до најдалечните предели на вселената, Хокинг исто така веруваше дека науката игра суштинска улога во решавањето на проблемите тука, на Земјата. А сега, кога се соочуваме со потенцијално катастрофални промени – вклучително и климатските промени, заканата од нуклеарна војна и развивањето суперинтелигенција – Стивен Хокинг го свртува своето внимание кон најнепосредните прашања за човештвото.
Широкоопфатна, интелектуално стимулативна, посветено аргументирана и проткаена со неговиот карактеристичен хумор, КРАТКИ ОДГОВОРИ НА КРУПНИТЕ ПРАШАЊА, последната книга на еден од најголемите умови во историјата, е лично гледиште за предизвиците со коишто се соочуваме како човечки род и за тоа кон каде ние, како планета, одиме понатаму.
Веб страницата користи колачиња за да ви овозможиме најдобро можно корисничко искуство. Со продолжување на користењето на нашата интернет страница ја прифаќате употребата на колачиња (cookies).
Се согласувам