×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




Цртежи од темнината

Цртежи од темнината

Џејсон Рекулак


Издавач: Антолог-Боокс ДООЕЛ
ISBN: 9786082437625
Жанр: Трилери
Провери достапност во продавниците
Достапност во продавниците
Книжарница ТРИ Веро Центар Достапно
Книжарница ТРИ Дебар Маало Достапно
600 ден.

Жестоко и имагинативно исплетен натприроден трилер, за девојка која работи како дадилка на детенце со чудни и вознемирувачки тајни.
Мелори Квин тукушто излегува од рехабилитација и наоѓа ангажман кај брачната двојка Тед и Керолајн Максвел: ќе го чува нивниот петгодишен син Теди. Мелори веднаш ја засакува работата. Има свој простор каде што живее, навечер излегува да трча, ја добива стабилноста по која одамна копнее. Искрено и топло се поврзува со Теди, мило и срамежливо детенце вечно со блок и со молив в раце.
Неговите цртежи се обични: тој црта дрвја, зајаци, балони. Но, еден ден, ќе нацрта нешто сосема поинакво: маж кој во некоја шума влече по земја безживотно тело на жена.
По ова, сите следни цртежи стануваат сè позлокобни, несмасно нацртаните човечиња од неговите први обиди брзо се менуваат и стануваат живописни скици кои далеку ги надминуваат цртачките способности на петгодишно дете. Мелори почнува да се прашува дали тие можеби се одеци од едно дамнешно нерасчистено убиство, а можеби и се поврзани со некоја натприродна сила.
Мелори знае колку звучи лудо сето тоа, но се нафаќа да ги дешифрира овие цртежи и да го спаси Теди пред да стане предоцна.

Џејсон Рекулак

Џејсон Рекулак

Џејсон Рекулак е автор на Невозможната тврдина, наслов преведен на дванаесет јазици и номиниран за наградата „Едгар“. Долги години бил издавач на независното издание „Квирк букс“, и преку оваа работа откупил права и бил уредник на бројни најпродавани наслови на Њујорк тајмс. Со семејството живее во Филаделфија.

Види повеќе