Достапност во продавниците | |
---|---|
Книжарница ТРИ Дебар Маало | Достапно |
Алекс е млада девојка која на своето ново работно место доживува паничен напад бидејќи станува свесна дека нејзиното познавање на англиски јазик е неспоредливо со знаењето на колегите во канцеларијата. Се обидува да изнајде брзи начини со цел да го подобри познавањето на овој јазик. Бидејќи сите училишта за учење јазик во летниот период се затворени одлучува да преземе апликација од „Play Store“ кoja и се појавува како резутат на алгоритам за пребарување. Но, апликацијата како да е наменета за осамени лица кои бараат партнер. Алекс е очајна. Во моментот кога губи надеж се појавува Виван, младо момче од Индија со иста цел како неа, да го совлада јазикот за да стане цивилен пилот. Нивнотo секојдневно учење на англискиот јазик прераснува во блиско пријателство, а меѓусебната поддршка создава нераскинлива врска. По две години, Алекс добива неочекуван пакет од Виван во кој се наоѓа неговата покана за свадба, авионска карта до Индија и свечената гардероба која треба да ја носи на најсреќниот ден во неговиот живот. Без ни тронка сомнеж Алекс одлучува да замине во Индија за да се сретне со Визан лично и да го усреќи со своето присуство. По стапнување на индиското копно, ја очекуваат многу интригантни настани кои ќе причинат многу гавоболки до денот на свадбата. „Денот кога првпат облеков сари“ е роман преполн комични настани, неизвесност и моменти што дефинитивно ќе ве исполнат со позитивна енергија. Со секој нов пресврт ќе се чувствувате како дел од оваа незаборавна авантура.
Веб страницата користи колачиња за да ви овозможиме најдобро можно корисничко искуство. Со продолжување на користењето на нашата интернет страница ја прифаќате употребата на колачиња (cookies).
Се согласувам