×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




Монтана

Монтана


Издавач: Македоника Литера
Повез: Мек повез
Јазик: Македонски
Број на страници: 196
Година на издавање: 2025
Автор: Александру Попеску
ISBN: 9786082522371
Жанр: Романи
Провери достапност во продавниците
Достапност во продавниците
Книжарница ТРИ ГТЦ Достапно
400 ден.

Романот „Монтана“ е првото книжевно дело на молдавскиот писател Александру Попеску (1987). Во молдавските и романските книжевни кругови романот е оценет како брилијантно дебитантско дело. „Монтана“ го отсликува егзистенцијалното патување на едно дете од Приднестровје кон западниот свет, условено од политичката реалност во регионот.

Книгата е директна фреска од објективот на општествениот живот во Приднестровје меѓу два света од кои произлегуваат поединечни судбини, носејќи ги сите отпечатоци на ова искуство и сите знаци на осуда што централниот лик се обидува да ги надмине. Руско-советскиот свет низ кој поминал главниот лик Иван Жосан како дете, заедно со војната, сиромаштијата, оспоре­ниот идентитет и европскиот свет кој го прифаќа, веќе како новинар во Британија. Боледува од епилепсија, поради што е речиси невозможно да функционира професионално, па дури и како нормално човечко суштество. Станува речиси невозможно да се живее пристоен и исполнет живот. Ова е книга за метаморфозата на нормалноста, нејзиното осакатување, книга за силата на духот на својот пат кон избавувањето преку вредностите, сеќавањето и љубовта. Со динамична нарација авторот паралелно ги прикажува двата света на главниот лик – европскиот и, подоминантно, прид­нестровскиот свет. Ова е приказна која сугестивно, директно и искрено ја отсликува молдавската советска и постсоветска реал­ност, општествената преобразба и деградација, и човечките проклетства и судбини. Иако дебитантско, ова прозно дело остава впечаток на зрело и вешто изведено романескно остварување. Ова е роман – копнеж по нормалноста, за човечката силна волја за излез од безнадежноста, безизлезноста и очајот, за бегство од затворениот свет.