×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




Зошто наземи спиеш

Зошто наземи спиеш


Издавач: Или-Или
ISBN: 9786082611648
Жанр: Романи
Провери достапност во продавниците
Достапност во продавниците
Книжарница ТРИ ГТЦ Достапно
350 ден.

„Кога топовите, химните и погребите ќе замолчат, настапува тишината која смртта највеќе ја сака, бидејќи после неа доаѓа заборавот, конечното ништо, како нејзин потполн триумф. Во таа тишина Цвијетиќ зборува, на мртвите им дава глас кој не се слушал додека биле живи. Им дозволува да сведочат, предупредат, да советуваат. Им ја враќа одземената човечност. Додека пишува за смртта, писателот се бори за секој живот“.

Селведин Авдиќ

„Луѓето ги навредува и самата помисла дека се одговорни за страдањето на другите. Откако многу внимателно го опиша светот на црвениот небодер, Цвијетиќ храбро се занимава со начинот на кој се заминуваше од касарните на опколениот град. Приказната која притоа ја раскажува е неочекувана и страшна. И во неа повторно ништо не е премолчено. И повторно, како и во 'Шиндлеровиот лифт', мораше да биде раскажана. Овој пат човек на човека е брат. Но веќе не во метафоричка смисла“.

Миљенко Јерговиќ