Достапност во продавниците | |
---|---|
Книжарница ТРИ ГТЦ | Достапно |
Книжарница ТРИ Ист Гејт | Нема на залиха |
Книжарница ТРИ Дебар Маало | Достапно |
Книжарница ТРИ Веро Центар | Достапно |
Повик за сопствена револуција
„Умешност на лутината“ нè води на мало патување во лутината... Ова чувство е корен на многу наши дисфункционалности, незадоволства, несигурности, ама и учител и извор на нашата лична моќ. Малку по малку, разбирливо и преку примери, книгата ни открива слој по слој од лутината. Што правиме со својата лутина? Зошто го правиме? Свесно ли избираме како ќе ја покажеме или ќе ја скриеме? Како тоа влијае на нашиот живот? На нашата самодоверба? На нашите лични односи? И, конечно, што можеме да преземеме околу тоа? На крајот, сфаќаме дека патувањето со „Умешност на лутината“ било патување во самите нас.
- Доц. Мирјана Јовановска Стојановска, психолог/психотерапевт
Книга-амалгам за лутината – водич за трансформација Водичот „Умешност на лутината“ е како амалгам од повеќе книги, па му го дава на читателот, без да губи многу време, она најпотребното што би го извлекол за себе од сите тие книги заедно... ретко дело наменето за пошироката читателска публика, а сепак според својата содржина не спаѓа во класичната комерцијална литература меѓу книгите за самопомош.
- М-р Дора Попова Узуновски, психолог/психотерапевт
Веб страницата користи колачиња за да ви овозможиме најдобро можно корисничко искуство. Со продолжување на користењето на нашата интернет страница ја прифаќате употребата на колачиња (cookies).
Се согласувам