| Достапност во продавниците | |
|---|---|
| Книжарница ТРИ Дебар Маало | Достапно |
Една мајка одбива да се откаже. Еден детектив е принуден да се сомнева во сè. А вистината одбива да остане закопана.
Шест месеци по исчезнувањето на Тамара Калајџиева, случајот почнува да се води како нерешен. Без нови траги и докази, полицијата е принудена да го посвети вниманието на тековните задачи. Само мајка ѝ, Ружица, е заглавена во минатото. Уништена од загубата и болката, во живот ја одржуваат единствено надежта и вербата дека нејзиното чедо еден ден ќе се врати.
И по шест месеци, се случува незамисливото. Повик во ноќта ја прекинува тишината и гласот што една мајка никогаш не би можела да го заборави го оживува нерешениот случај.
Младиот инспектор Стефан Михајловски го наследува случајот од кој сите други кренале раце. Воден од инстинктот и личните принципи, продолжува да копа подлабоко и сфаќа дека ова не е само обичен случај на исчезнато лице, туку нешто многу помрачно. Нешто внимателно скриено. Делчињата од вистината избиваат на површина и она што личело на очајна измислица на една мајка, полека се претвора во вознемирувачка реалност.
Веб страницата користи колачиња за да ви овозможиме најдобро можно корисничко искуство. Со продолжување на користењето на нашата интернет страница ја прифаќате употребата на колачиња (cookies).
Се согласувам