| Достапност во продавниците | |
|---|---|
| Книжарница ТРИ Дебар Маало | Достапно |
| Книжарница ТРИ Веро Центар | Достапно |
Секое утро, Сибил ван Антверп седнува да пишува писма — до својот брат, до најдобрата пријателка, до ректорот на универзитетот, кој не ѝ дозволува да посетува час што очајно сака да го следи, до своите омилени автори за да им каже што мисли за нивните најнови книги и до една личност на која ѝ пишува често, но никогаш не го испраќа писмото. Зашто на седумдесет и три години Сибил ја користи својата преписка — духовита и мудра — за да го разбере светот. Но надвор од страниците таа веќе триесет години ги држи на растојание луѓето што ја сакаат… сè додека писма од нејзиното минато не ја натераат да се соочи со еден од најболните периоди од својот живот. Сега, Сибил мора да го испрати писмото што го пишува сите овие години — и да најде прошка во себе за, конечно, да може да продолжи понатаму
Веб страницата користи колачиња за да ви овозможиме најдобро можно корисничко искуство. Со продолжување на користењето на нашата интернет страница ја прифаќате употребата на колачиња (cookies).
Се согласувам