Достапност во продавниците | |
---|---|
Книжарница ТРИ ГТЦ | Достапно |
Книжарница ТРИ Дебар Маало | Достапно |
Минуваат 120 години од раѓањето на Витолд Гомбрович (1904 – 1969), еден од најенигматичните, најконтроверзните и најуникатните автори и мислители во полската и во европската литература на XX век. Предмет на постојани реинтерпретации, толкувања, анализи… Имено, годишнинава решивме да ја одбележиме со „омнибус“ издание што го содржи неговиот целокупен белетристички опус (освен романот „Проколнати“, кој го објавил под псевдоним). Додека книжевниот свет веќе полека ги заборава голем дел од неговите современици, Витолд Гомбрович никако да му се предаде на забот на времето. До ден-денеска е актуелен во својата родна земја, но и во светски рамки. Сѐ уште се читаат неговите прозни дела, во театрите се поставуваат неговите драми, а според неговите романи се снимаат и филмови. Како да е малку сето тоа, Гомбрович е автор (иако во животен спор со родната земја) што во својата земја е многу присутен и во поп-културата. Често можат да се сретнат и разни форми на експериментален уметнички израз, инспирирани токму од неговото творештво. […] Гомбрович, општо несфатен од своите современици, ни се покажува современ нам, жителите на подоцнежната или „флуидна“ современост, во која – како што пишува Зигмунт Бауман – паднаа сите кодекси и секој мора на своја рака да решава спознајни и етички дилеми. Па, оттука, да се послужиме со зборовите на Чеслав Милош: „Делото на Гомбрович не може да биде мерено со изминувањето на неколку декади. Тоа е споменик на полската проза…“.
Веб страницата користи колачиња за да ви овозможиме најдобро можно корисничко искуство. Со продолжување на користењето на нашата интернет страница ја прифаќате употребата на колачиња (cookies).
Се согласувам