Достапност во продавниците | |
---|---|
Книжарница ТРИ Веро Центар | Достапно |
Книжарница ТРИ Ист Гејт | Нема на залиха |
Книжарница ТРИ ГТЦ | Достапно |
Книжарница ТРИ Дебар Маало | Достапно |
Во „Пепелник во еден хотел во Скопје“ Жижек посегнува по утврдените мислења на современата наука, ги сопоставува со најактуелните настани и примери денес, а како резултат на тоа се кристализира едно специфично, остроумно и контроверзно множество ставови.
Книгава е збирка во која тој подведува пет свои есеи под парадоксот што го доживеал при еден престој во Скопје, а како таква таа истовремено претставува и неизбежна обиколка околу прашањата за љубовта, сексот, психоанализата, идеологијата, филмот, книжевноста, како и политичкото минато, сегашност и иднина.
Како сублимат на неговата мисла, „Пепелник во еден хотел во Скопје“ е неопходно четиво за критичкиот ум, крајпатен знак што води кон „пробивање“ на појавата и стигнување до срцевината на стварното.
Веб страницата користи колачиња за да ви овозможиме најдобро можно корисничко искуство. Со продолжување на користењето на нашата интернет страница ја прифаќате употребата на колачиња (cookies).
Се согласувам