| Достапност во продавниците | |
|---|---|
| Книжарница ТРИ ГТЦ | Достапно |
Лив живее повлечено во норвешкиот град Сандефјорд. За својот син е подготвена на сè, дури и да го сокрие своето минато. Но, кога тајните полека испливуваат на површината, нејзиниот живот се претвора во кошмар.
Анастасија, младата Русинка, конечно ги остварува своите соништа во Милано. Фотосесии, модни ревии и луксузни забави. Но, зад светлата на модните писти демне темнината на моќните и богати мажи, од која ќе мора да побегне по секоја цена.
Селма е истрајна новинарка од Осло што ги истражува корупцијата и тајните на модната индустрија. Кога Лив и нејзиниот син исчезнуваат, таа има можност да ја напише приказната на кариерата и така доаѓа до уште пострашни откритија.
„По нејзиното заминување“ е вознемирувачки и возбудлив психолошки трилер за убавината, моќта и лагите. Само симнувањето на сите маски може да открие што навистина се крие зад совршените фотографии и светкавите сцени.
Веб страницата користи колачиња за да ви овозможиме најдобро можно корисничко искуство. Со продолжување на користењето на нашата интернет страница ја прифаќате употребата на колачиња (cookies).
Се согласувам